Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.
Де Брујне на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Сити размислува дали да му понуди продолжување на соработката.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Причина за тоа се честите повреди на 32-годишниот Белгиец, кој ќе пропушти голем дел од актуелната сезона поради повреда.
Де Брујне е најплатен фудбалер во тимот, а во Сити веруваат дека сега е идеален момент за да заработат од неговата продажба.
Де Брујне исто така е спремен да ја промени средината, а клубовите од Саудиска Арабија му нудат вистинско богатство.