Дома Фудбал Останато Манчестер Сити има повеќе шпански репрезентивци во кадетите од Реал и Барса

Манчестер Сити има повеќе шпански репрезентивци во кадетите од Реал и Барса

city

Што друго да се очекува од Пеп Гвардиола?

Пеп Гвардиола има своја визија во Манчестер Сити, веќе изгради начин на кој ќе игра неговиот тим, а сака тоа да биде така и во иднина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот стратег започна со реорганизација од најмладите, доведе голем број фудбалери од Шпанија, технички одлични, такви какви што тој најмногу сака.

Интересен е податокот дека Манчестер Сити има повеќе кадетски репрезнтативци на Шпанија отколку Реал Мадрид или Барселона. Не постои фудбалски клуб кој има повеќе репрезентативци на Шпанија на таа возраст.

Ерик Гарсија, Алфа Ричард Дионку и Набил Туази се фудбалери кои се повикани претходниот месец во репрезентацијата на Шпанија до 17 години, а Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид имаат по двајца претставници.

Гарсија пристигна од Барселона, Туази од Валенсија, додека Дионку дојде од Мајорка.

Не е тоа се од шпанските репрезентативци во Манчестер Сити, Брахим Диаз е повикан во младинците, Пабло Матео најверојатно ќе добие повик во младата репрезентација, додека Давид Силва е сигурен кај сениорите.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …