Легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков беше во Белград и ги  проследи двата пријателски натпревари што ги изигра Македонија против Саудиска Арабија (37:21) и Србија (32:29).

На интервјуто за реномирианиот ракометен балкански магазан„Балкан-хендбал“ , Манасков зборуваше за шансите на Македонија на настпот на ЕП во Хрватска .


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Очекувам поразлична Македонија од Гонзалез во однос на Червар. Бековската линија е подмладена. Талевски и Кузмановски на ова ЕП треба да го покажат својот квалитет. Се уште не се зрели, но напредуваа играјќи за својот клуб. Го имаме искусниот Лазаров на десен бек, позиција каде што постои дефицит, а Кире веќе е во години и прашање е колку ќе може да го издржи темпто. Македонија е лимитирана, нема голем избор што се однесува на бековските позиции. Ќе имаме проблеми, имаме една постава, но не и премногу алтернативи, ќе биде тешко. Ако голманите не бидат на завидно ниво, ќе имаме големи проблеми.Еуфорија како еуфорија. Нормално е луѓето да го сакат својот тим, да сакат што подалеку да стигне, но реалноста и желбите често не се исто. Пласман во вториот круг е успех, се понатаму ќе биде супер. Во секој случај ќе биде тешко во групите. Словенците се незгоден противник против кој до сега не сме се покажале добро. Прв меч е, сепак се е отворено. Што се однесува до Црна Гора, тоа е тим составен од млади, но и неколку врвни играчи од добри клубови кои држат ритам. Имат проблем со Борозан. Македонија против нив ќе ја бара шансата за втор круг“, вели Пепи

Според него,фаворити за освојување на титулата се домаќинот Хрватска, секогаш силната  Франција, младата Германија,незгодната Данска,Шпанија и Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…