Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.
„Росонерите“ се во потрага по дефанзивец кој ќе може да биде алтернатива за Томори и Французинот е на врвот на листата желби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
22-годишниот Ндика минатата сезона одигра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата.
Неговиот договор со германскиот клуб истекува следното лето, па поради тоа Ајнтрахт е спремен да го продаде.
Медиумите тврдат дека Милан и Ајнтрахт се во напредни преговори и дека може да го договорат трансферот за 15 милиони евра. Французинот веќе имал разговор со Малдини и дал „зелено светло“ за трансферот.
📰 @Bild: Maldini holds video call with N'Dicka as Eintracht Frankfurt set asking pricehttps://t.co/XSAcT63Vy4 #SempreMilan
— SempreMilan 🏆 (@SempreMilanCom) August 5, 2022