Дома Македонски спорт Мак баскет Македонски клуб бара играчи на Фејсбук! (ФОТО)

Македонски клуб бара играчи на Фејсбук! (ФОТО)

Интересна објава имаше македонскиот новоформиран кошаркарски клуб Албес – бара кошаркари на Фејсбук!

Албес е клуб кој неодамна на сличен начин ја информираше јавноста за своето основање, а сега сака да пронајде играчи со кои ќе се бори за влез помеѓу најдобрите екипи во нашава земја. Клубот обидот да се засили го направи на навистина интересен и необичен начин, преку Фејсбук.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кошаркарскиот клуб АЛБЕС, кој како новоформиран клуб успеал да ги надминува финансиските проблеми со кои се соочуваше, сега и официјално ја достави својата апликација да биде дел од Втората македонска кошаркарска лига.
Имињата на оние што го презедоа спонзорството на клубот ќе бидат објавени во наредните денови, откако ќе се вратат од годишниот одмор, каде е планирано да се одржи прес-конференција за медиумите. Во врска со аспирациите на Клубот, К.К АЛБЕС најавуваат дека се по потрага на квалитетни кошаркари, со кои атакуват да бидат дел од најдобрите четири екипи во Втората Лига. Сите заинтересирани кошаркари можат да контактират на е-пошта на клубот [email protected] “, стои во соопштението објавено на нивната Фејсбук страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…