Ако Борко Ристовски и Никола Митревски издоминираа во ракометната Лига на шампиони, Дамјан Шишковски и Филип Гачевски тоа го направија во фудбалското првенство на Кипар.
Репрезентативецот Шишковски ја има најдобрата одбрана во изминатото коло во кипарското првенство. Шишко со одличен рефлекс го спаси голот на Докса, неговиот тим забележа победа од 2:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На втората позиција веднаш зад него се најде Филип Гачевски кој го чува голот на Енозис. Иако Енозис загуби со 4:1 кај АЕЛ Гачевски имаше една супер одбрани.
Во продолжение погледнете ги одбраните на македонските голмани.