Дома Македонски спорт Мак фудбал Моќна порака од Гачевски: Вардар во срцето, Македонија во душата!

Моќна порака од Гачевски: Вардар во срцето, Македонија во душата!

Вардар вчера го победи Скопје во баражот од Првата лига и се врати во друштво на најдобрите по две сезони поминати во Втората лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Големо славје следуваше кај вардаровите фудбалери кои не се откажаа и ја издржаа тешката сезона во која се соочуваа со финансиски проблеми, бидејќи клубот беше на работ на егзистенција.

Со моќна порака денес на социјалните мрежи се огласи голманот на Вардар, Филип Гачевски.

„Заврши психички најтешката сезона, но сепак ја остваривме најголемата победа за нашиот Вардар. Еден живот една љубов, Вардар гордост македонска Црвено црна армија. Вардар во срцето, Македонија во душата“, е пораката од голманот на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…