Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар избори опстанок, а Гачевски сега порача: Одиме по титула!

Вардар избори опстанок, а Гачевски сега порача: Одиме по титула!

Во вчерашниот бараж натпревар Вардар го победи Детонит Плачковица со 2:0 и така се избори за место во Првата македонска лига и наредната сезона.

Актуелната сезона беше турбулентна за „црвено-црните“. Многумина во еден период и го „отпишаа“ Вардар, меѓутоа на крајот вардарци изборија опстанок.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По победата против Детонит на социјалните мрежи се огласи голманот Филип Гачевски кој испрати порака.

„Браво момци, целта е остварена!!! Секоја чест Комити!!! Што ветивме – остваривме, наредна сезона одиме по титула! Еден живот – една љубов! Да живее Вардар и Македонија“, објави чуварот на мрежата на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…