Дома Македонски спорт Македонија – Полска: За продолжување на позитивната серија треба да се запрат Левандовски и Пјонтек

Македонија – Полска: За продолжување на позитивната серија треба да се запрат Левандовски и Пјонтек

Македонија е домаќин на Полска во третиот меч од квалификациите за пласман на ЕП во 2020 година. Полска е лидер и е голем фаворит, но Македонија на првите два меча освои четири бода и најави далеку поуспешни квалификации од досега. Сепак, токму овој меч ќе покаже со какви амбиции можеме да продолжиме во квалификациите.

Позитивната серија на Македонија трае и трае


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дуелот против Полска е од голема важност за македонската фудбалска репрезентација. Победа за Македонија ќе ги дигне во облаци нашите амбиции, иако и ремито ќе биде прифатено како позитивен резултат. Впрочем наредните два меча на домашен терен со фаворитите во групата Полска и Австрија можат да бидат пресудни во овие квалификации. Првиот меч е и идеална шанса да се продолжи со позитивни резултати по успешниот настап во Лигата на Нации, победата над Летонија со 3:1 и ремито во Словенија 1:1. Но и одличните натпревари со кои го заокруживме минатиот квалификациски циклус. 14 натпревар и само еден пораз за Македонија.

Низата започна од гостинската победа од 0:1 против Израел во Хаифа. Од тогаш Македонија има уште 9 победи против (Израел, Лихтеншнтајн на три пари, Норвешка, Гибралтар два пати, Ерменија и Летонија), пет ремија (Албанија, Италија, Финска, Азербејџан и Словенија) и еден пораз против Ерменија на гости. Македонија никогаш досега немала подобра серија и тоа мора да се искористи како дополнителен мотив, но и за зголемување на самодовербата пред дуелите со Полска и Австрија.

macedonia

Македонија руши офанзивни рекорди

Желбата на македонските репрезентативци е да се продолжи и низата од официјални квалификациски дуели на кои се постигнува барем по еден погодок. Последен пат кога Македонија не успеала да запише гол на квалификациски дуел е на 12-ти ноември 2016 година во поразот од Шпанија на гостински терен. Воедно, тоа беше и единствениот натпревар од десетте во квалификациите за СП 2018 во кој Македонија не постигна гол. Но Полска во двата квалификациски меча од групата досега не прими гол, што значи дека Пандев, Нестор, Трајковски, Барди и останатите ќе имаат тешка задача.

Две стартни победи на Полска за зголемување на самодовербата

Црната 2018 година е веќе зад Полска. Тие беа катастрофални на СП во Русија, а потоа и во Лигата на Нации. Впрочем на последните 11 натпревари имаат само три победи, три ремија и пет порази. Во силната група во Лигата на Нации со Италија и Португалија освоија само два бода и завршија на последното место. Ништо подобри не беа ниту во пријателските средби, но затоа пак две од оние три победи кои ги спомнавме се случија на последните два меча во квалификациите. Тие се лидери во групата Г со две победи над Латвија и Австрија и гол разлика од 3:0. Многумина поради тоа веруваат дека Полска полека но сигурно излага од кризата, но за тоа ќе треба да се добие потврда во Скопје.

 

Бржачек со Левандовски и Пјонтек во нападот

ПолскаСелекторот на Полска, Бржечек е претпазлив во своите изјави пред дуелот со Македонија иако ја прифати големата фаворитска улога на неговата селекција. Веројатно нема да менува премногу во однос на натпреварите со Латвија и Австрија, особено кога станува збор за формацијата. Тој ја користи формацијата 4-4-2 и покрај фактот што има еден куп квалитетни напаѓачи.

“Имаме тројца квалитетни играчи со слични карактеристики, драго ми е поради фактот што имаме ваков „проблем“, но бројот на офанзивни играчи на теренот не мора да значи и подобар ефект и офанзивната игра”, – потенцираше Бржечек на прес конференцијата.

Левандовски, Пјонтек и Милик … но веројатно против Македонија ќе стартуваат првите двајца. Нивните имиња сами по себе укажуваат на фактот дека Муслиу, Велковски, Ристевски и останатите дефанзивци ќе имаат крајно тешка задача да се одбранат. Средината исто така е крајно квалитетна, а дигирент во играта е Зиелински кој имаше импресивна сезона во Наполи каде беше незаменлив. Кришчовиак пак е моторот на Локомотив Москва и тие двајца прават одличен тандем во средината. Ако на нив двајца се додадат и колегата на Алиоски од Лидс, Клик како и Камил Гросицки од Хал, тогаш јасно е дека средината не е на пониско ниво од нивниот напад. Во одбраната пак најголем проблем за македонските напаѓачи ќе биде Глик од Монако.

„Ги познавам сите фудбалери од Македонија кои играат во Италија – Пандев, Трајковски и Несторовски. Сите оставаат трага во своите клубови во Серија А“, изјави Глик.

Единствен проблем за Полска е тоа што на овој меч ќе настапи без првиот голман Шчесни, но полјаците секогаш имааат одлични голмани, па затоа тука се Фабиански и Скорупски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…