Ракометната федерација на Македонија во периодот од 19 до 30 јуни ќе биде домаќин на 24-тото Светско јуниорско првенство во женска конкуренција. Ова ќе биде вториот мундијал за ракометарки до 20 години на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.
Сали-домаќини на настанот ќе бидат СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“, во кои ќе се одиграат вкупно 116 натпревари. РФМ се погрижи салите да бидат подготвени за шампионатот според сите стандарди и да ги понудат најдобрите услови за земјите учеснички на овој ракометен настан.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Нашите ракометарки како селекција-домаќин ќе играат во Групата „Х“ заедно со Исланд, Ангола и САД. Првиот натпревар е против САД, закажан на 19 јуни од 20:15 часот, а потоа следат дуели со Исланд (21.06, 18:00ч.) и Ангола (23.06, 20:15ч.). Сите дуели од групната фаза Македонија ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.
Македонија веќе ги прими повеќето од селекциите кои пристигнаа во главниот град, а се е подготвено за старт на шампионатот, како на технички, така и на организациски план.