Македонија со пет порази и една победа го заврши настапот на Светското првенство во Египет.
Настапот за македонската спортска јавност беше разочарување поради тоа што ракометарите не навикнаа на многу повеќе. Сепак, дојде време (можеби и предоцна) за таа „смена на генерации“ која мораше да се случи.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Лазаров дојде на ова СП со главна улога да ја води подмладената Македонија и во натпреварите кога веќе се знаеше победникот тој седнуваше на клупата, целта беше младите да собираат искуство и да ни покажат до каде сме. Но, и во таква ситуација кога Лазаров на неколку натпревари немаше голема минутажа пак беше број еден во нашата репрезентација. Капитенот е прв стрелец и прв асистент во нашата репрезентација. Лазаров Мундијалот го заврши со 28 гола и 24 асистенции.
Зад него следи Филип Кузмановски за кого Брестовац изјави дека се наметнува да биде наследникот на Кире. Кузмановски за разлика од големите натпреварувања претходно конечно покажа дека има нешто во себе да биде лидер. Турнирот го заврши со 21 гол и 11 асистенции. Со 53% на реализација на обидите.
Трет кај нас беше Жарко Пешевски. Пешевски одигра сосема солидно – 18 гола, седум асистенции.
Најпријатното изненадување е Ненад Костески. Младиот ракометар на Е.Пелистер покажа дека може да биде еден од носителите на нашата игра во наредните години. Никако не смееме да ги заборавиме голманите, тоа е позицијата на која веројатно сме најдобро покриени. Митревски и Томовски беа фантастични. Даниловски доби шанса вчера против Белорусија, меѓутоа не запиша одбрана.
Митревски запиша 43 одбрани од 168 удари, Томовски 24 од 85 удари. Томовски беше задолжен за ударите од седум метри и процентот му беше сосема добар, одбрани седум од 12.
Филип Талески на кого Македонија чека толку време и овој пат не не израдува. Со исклучок на оние три гола со Словенија, Талески ништо не покажа.