Откако завршија Азискиот Куп и Африканскиот Куп на Нации, Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави и првата ранг листа во 2024 година.
Македонската репрезентација во овој период не одигра ниту еден натпревар, а забележа пад од три места. Во овој момент фудбалерите се на 68. место со 1.362 бода. Зад Македонија се Обединетите Арапски Емирати, сензацијата на Азискиот Куп, Јордам, додека на местата пред нас Гана, Узбекистан, Албанија…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Освојувачот на Африканскиот Куп на Нации, Брегот на Слоновата Коска направи скок од 49-то на 39-то место, додека најголемиот прогрес го забележа Нигерија која беше поразената во финалето (од 42. на 28. место).
На врвот нема промени, Аргентина е лидер пред Франција и Англија, зад нив следуваат: Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија и Хрватска.