Во ПСЖ и понатаму молчат за повредата на нивната прва ѕвезда Нејмар.
Вчера беше објавено дека тој ќе го пропушти двомечот со Манчестер Јунајтед, тоа го потврди и тренерот Томас Тухел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, она што го пренесува „Л’Eкип“ е далеку посериозно. Според реномираниот француски медиум Нејмар се здобил со скршеница на петтата метатарзална коска на десното стапало.
Се наведува и дека ПСЖ молчи затоа што треба да донесе заедничка одлука со федерацијата на Бразил за тоа дали Нејмар ќе оди на операција. Ако тоа се случи сезоната за Нејмар со сигурност завршена.
Во Франција ПСЖ и онака нема конкуренција и без него лесно ќе стигне до титулата, но доколку го изгубат Нејмар до крајот на сезоната ќе имаат голем проблем во Лигата на шампионите која е главна цел на „светците“.