Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо е апсолутна ѕвезда на Островот откако потпиша нов повеќегодишен договор според кој ќе има двојно поголема заработка од 195.000 фунти неделно (222.000 евра).
Претходниот му истекуваше во јуни 2019 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Левиот бек на „Црвените ѓаволи“ и селекцијата на Англија така потпиша нов договор на пет години со што платата на годишно ниво ќе му изнесува 10 милиони евра (претходно пет милиони евра). Според тоа во наредните пет сезони само од договорот Лук Шо ќе заработи 50 милиони евра.
Во еден момент изгледаше дека поранешниот бек на Саутемптон ќе го напушти Манчестер Јунајтед поради тешката повреда. Меѓутоа, во текот на летото одигра одлични припреми и доби место во првиот тим на Јунајтед.
После Лук Шо управата на Манчестер Јунајтед треба да се насочи кон останатите фудбалери на кои им истекуваат договорите, а помеѓу десетмината се и Антони Марсијал и Давид Де Геа.
https://www.youtube.com/watch?v=0MGrARgMO3k