Напаѓачот на Милан, Лука Јовиќ наскоро би можел да го промени клубот.
Пред неколку дена се појавија најавите дека екипата на Галатасарај би можела да го доведе Јовиќ на местото на повредениот Мауро Икарди, а сега пристигнуваат нови информации.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Желбата на Галатасарај наводно е Јовиќ да го доведе на позајмица со можност за откуп на крајот од сезоната.
Јовиќ во овој момент не е во прв план кај тренерот Пауло Фонсека и тоа се потврдува со податокот дека сезонава помина само 78 минути на теренот во кој не постигна гол.
Свесен е и Јовиќ дека нема да добие поголем простор во Милано, додека во Галатасарај би играл во тандем со Виктор Осимен.