Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ предизвика бура во фудбалските кругови со најавите од руските медиуми за можен трансфер во Зенит од Санкт Петербург.
По шпекулациите дека ќе остане во Милан, заминувањето на Оливие Жиру изгледаше како можност за Јовиќ, но последните вести од Русија најавуваат пресврт.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Руските медиуми тврдат дека за Јовиќ е заинтересиран шесткратниот последователен шампион Зенит, што дополнително е поттикнато од неговото следење на клубот на социјалните мрежи.
Со оглед на тоа дека ЕУРО 2024 се наближува, најдобро за Србија би било Јовиќ што поскоро да го реши прашањето за својата иднина за целосно да се фокусира на претстојниот шампионат.