Aнглиските медиуми на дневна база пренесуваат вести и шпекулации поврзани за наредниот преоден рок.
Сега на Островот се шпекулира дека Лука Јовиќ е голема желба на Арсенал. На Фрнацузинот Александар Лаказет договорт му истекува наредното лето и тој во овој момент е во немилост кај тренерот Микел Артета, па во клубот бараат решение на таа позиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јовиќ во Реал Мадрид пристигна во голем трансфер летото 2019 година. Клубот од Мадрид на германски Ајнтрахт му плати оштета од околу 60 милиони евра, но 23 годишникот не се истакна. На 38 натпревари Јовиќ постигна само два гола и додаде три асистенции.
Јасно е дека не можат за него да ја добијат сумата која ја платија, па се најавува дека Реал е спремен да го пушти за 20 милиони евра. Покрај Арсенал Јовиќ се поврзуваше со уште неколку клубови.