Дома Македонски спорт Лука Станковски од Газиантеп за „Спортски“: Ситуацијата во градот е многу лоша, јас за среќа бев во Скопје!

Лука Станковски од Газиантеп за „Спортски“: Ситуацијата во градот е многу лоша, јас за среќа бев во Скопје!

Македонскиот фудбалер Лука Станковски е дел од тимот на турски Газиантеп, градот кој беше најпогодениот од земјотресот кој предизвика катастрофа во Турција.

Станковски утрово во изјава „Спортски.мк“ потврди дека за среќа во време на земјотресот тој бил тука во Скопје бидејќи добил два слободни дена од клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Завчера игравме натпревар во Анталија и веднаш по натпреварот добивме два слободни денови, голем дел од екипата остана во Антанталија, а само неколку играчи се вратија во Газиантеп. Јас се вратив во Скопје и за среќа ја избегнав катастрофата“.

За среќа сите од редовите на турскиот клуб се добро.

„Во контакт сум со луѓето од клубот и сите се доброри, но ситуацијата во градот е многу лоша“.

Како што стојат работите тренинзите и обврските кон клубот ќе бидат најверојатно одложени.

„Моментално аеродромот е затворен и чекам информации за што понатаму, но ќе биде одложено“, ни изјави Станковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…