Дома Фудбал Репрезентации Лука Модриќ денес стана хрватски рекордер

Лука Модриќ денес стана хрватски рекордер

35 годишниот Лука Модриќ денес го запиша рекордниот 135. настап во дресот на хрватската репрезентација.

Модриќ го надмина досегашниот рекордер и поранешен капитен на Хрватска, Дарио Срна кој остана на 134 настапи.

За Хрватска Модриќ дебитираше во март 2006 година, а со оваа репрезентација играше на три светски првенства и три европски.

Сега ќе го „брка“ Мундијалот во Катар, а на ЕП ова лето ќе настапи по четврти пат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флик лесно се откажа од ѕвездата на Барселона, Баерн веднаш реагираше

Жил Кунде за само неколку месеци од еден од посигурните членови на почетниот тим на Барсел…