Столе Димитриевски брани одлично во дресот на Рајо Ваљекано.
Рајо високо котира на табелата во Примера, а затоа големи заслуги одат и кај македонскиот голман кој во овој момент добива предност пред младиот Лука Зидан.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Секогаш е добро да имате конкуренција. Работам за да бидам добар, стојам на располагање на тимот“, изјави Французинот.
Димитриевски ја има довербата на тренерот Андони Ираола и ги одигра сите 15 натпревари од првата минута во шпанското првенство. Димитриевски со Рајо потпиша договор во 2019 година, а претходно една година настапуваше во клубот како позајмен фудбалер.