Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку ги договори личните услови со Интер, тврдат медиумите на Апенините.
Новиот тренер Антонио Конте најави изградба на тим кој ќе се бори за Скудетото, а Лукаку е негова најголема желба во нападот. Клубот најверојатно ќе се радели со Мауро Икарди, а Конте во Белгиецот гледа идеална замена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, за реализација на трансферот Интер треба да постигне договор со Манчестер Јунајтед, кој за слободата на 26-годишниот напаѓач бара 75 милиони евра, сума која „нероаѕурите“ не се спремни да ја платат.
Според „Газета дело Спорт“, Лукаку сака преселба во Серија А и веќе се договорил со Интер за четиригодишна соработка според која по сезона ќе добива 7,5 милиони евра.
Лукаку постигна 27 гола во својата прва сезона на „Олд Трафорд“, но минатата сезона падна во сенка на Рашфорд и постигна само 15 гола.
Romelu Lukaku has agreed terms with Inter, according to Gazzetta dello Sport ✍ pic.twitter.com/GMJmGysup6
— Goal (@goal) June 14, 2019