Ако им веруваме на италијанските медиуми, Интер постигнал догово со белгискиот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.
Медиумите во Италија пишуваат дека Лукаку ја прифатил понудата од Интер за петгодишен договор со плата од 7.5 милиони евра годишно плус одредени бонуси.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, се потенцира дека работата се уште е далеку од готова затоа што покрај договорот со Лукаку сега „нероаѕурите“ треба да преговараат со Манчестер Јунајтед за висината на оштетата.
На „Чизмата“ се убедени дека Лукаку е една од главните желби на Антонио Конте за кој веќе скоро никој да не се сомнева дека ќе биде наследник на Спалети во Милано. Покрај Лукаку, Интер во последно време се поврзува и со Един Џеко од Рома.
Она што веројатно се најавува со овие информации е заминувањето на Мауро Икарди, а интересно е што токму Манчестер Јунајтед е еден од заинтересираните клубови за аргентинскиот голгетер.
Лукаку во 2017 година од Евертон пристигна во Манчестер Јунајтед и за „црвените ѓаволи“ одигра 66 натпревари и постигна 28 голови од кои 12 во сезоната која неодамна заврши.
Кога во прашање е Конте најавите се дека веќе во петок Италијанецот би можел да биде промовиран пред медиумите за нов предводник на црно-сините.