Ромелу Лукаку одигра одлична сезона во Интер, но сепак остана без трофеј, а и на него самиот му е тешко да се сети кога последен пат се израдува на некој трофеј.
Белгискиот репрезентативец во финалето во Лигата на Европа со Интер изгуби од Севиља со 3:2. Лукаку во натпреварот постигна гол, но стана трагичар кога по шутот на Диего Карлос топката него го погоди пред да влезе во голот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кога ќе се погледне наназад може да се види дека трофеите како да бегаат од Лукаку. Последниот трофеј напаѓачот го освои во 2010 година додека беше играч на Андерлехт.
Во наредните десет година играјќи за ВБА, Челзи, Манчестер Јунајтед, Евертон и Интер не успеа да освои ништо.
Изгледаше дека со Интер сега тоа проклетство може да го сруши, меѓутоа се продолжи.
Сепак, треба да се истакне дека 27 годишниот Белгиец оваа сезона на 51 гол постигна 34 гола и запиша шест асистенции.