Интервјуто кое го даде Ромелу Лукаку во кое го критикуваше Челзи и Томас Тухел резултираше со казна за Белгиецот. Напаѓачот не беше во составот за дербито со Ливерпул.
Веднаш почна да се најавува и заминување на Лукаку од „Стенфорд Бриџ“, како опции се споменуваа Интер и Тотенхем, сепак како што тврди познатиот новинар Фабрицио Романо, Лукаку нема да си замине.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според информациите на италијанскиот инсајдер бордот на директори на Челзи застанал зад Тухел и го поддржал во одлуката да го изостави од составот, меѓутоа никој не размислувал за трансфер.
Лукаку како што се наведува продолжил напорно да тренира и има желба да се наметне во тимот за натпреварот со Спарс.