Дома Фудбал Англија Лукаку: Зошто заминав од Манчестер Јунајтед? Затоа што бев „грдото пајче“

Лукаку: Зошто заминав од Манчестер Јунајтед? Затоа што бев „грдото пајче“

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се пресели ова лето од Манчестер Јунајтед во Интер и откри која е главната причина за неговото заминување.

Лукаку како што изјави заминал затоа што бил обвинуван за се што е лошо во Јунајтед.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Зошто си заминав од Манчестер Јунајтед? Затоа што бев „грдото пајче“. Тоа значи дека бев причина за се што беше лошо“, изјави Лукаку.

Во Интер Лукаку се чуствува далеку подобро.

„Ова беше совршен момент да ја напуштам Англија. Не сакав повеќе да бидам таму. Верувам дека Интер е тим каков што ми е потребен. Тука чуствувам љубов и спремен сум да ја возвратам“, порача белгискиот напаѓач.

Оваа сезона Лукаку на два натпревари во Серија А постигна исто толку голови, а Интер заедно со Торино и Јувентус има максимални шест бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…