Ромелу Лукаку денес и официјално се врати во Челзи.
Челзи беше клубот кој го доведе Лукаку од Андерлехт како момче, но тогаш не доби вистинска шанса, па патот го однесе во ВБА, Евертон, Манчестер Јунајтед и Интер од каде што сега се враќа како големо име во европскиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За неговиот трансфер Челзи сега плати 115 милиони евра.
„Среќен сум што се враќам во овој прекрасен клуб. Поминав низ долго патување, дојдов тука како дете кое требаше да учи, сега се враќам со големо искуство. Односот со клубот ми значи премногу. Од дете навивам за Челзи и сега ќе се обидам да помогнам заедно да победуваме. Се враќам со освоена титула во Серија А и мислам дека беше вистинско време за вакво нешто“, изјави Лукаку.