Дома Фудбал Луис Енрике призна: Имаше нетрпеливост помеѓу мене и Меси!

Луис Енрике призна: Имаше нетрпеливост помеѓу мене и Меси!

Актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике после долго време призна дека имало нетрпение помеѓу него и Меси во времето кога беше на кормилото на Барселона.

Нетрпеливоста помеѓу него и суперѕвездата на Барселона достигна максимум на мечот против Реал Сосиедад на „Аноета“ во 2015 година, но тогаш двете страни не признаваа.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Додека се реши целата ситиација имаше одреден период во кој се појави нетрпеливост, иако јас не го сакав тоа. Меѓутоа, ситуацијата беше таква и мораше да најдеме решение, но сега можам да зборувам само во суперлативи за Меси. Лео е гениј кој на теренот може да прави што сака. Иниста исто така има неверојатни квалитети. Тоа што можат да го направат тие двајца не може никој друг. Ми беше чест да работам со нив“, истакна Луис Енрике.

„На почетокот на третата сезона му соопштив на клубот да си бараат нов тренер. Тоа беше себично, но немав повеќе енергија. Исто така мислев дека со таква генијална група ќе ми биде лесно да освојувам трофеи и тоа ќе ме натера да престанам да напредувам. Но да бидам искрен, почуствував дека на фудбалерите им треба некој друг тренер“, додаде Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…