Милан и Севиља ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на шпанскиот интернационалец од Лацио, Луис Алберто.
Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и од соработката со новиот шеф на стручниот штаб, Маурицио Сари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно Луис Алберто влегол во вербална расправија со Сари и му соопштил на раководството дека сака уште во јануари да ја промени средината.
Милан уште во летниот преоден рок беше заинтересиран за Шпанецот, но тогаш Лацио за неговиот потпис бараше 50 милиони евра.
Сега Лацио е спремен да пушти за помала сума, а најсилен интерес за него покажуваат Милан и Севиља.