Дома Топ вести Шпанецот најави заминување: Ова е моја последна сезона во Лацио, не сакам повеќе ниту евро!

Шпанецот најави заминување: Ова е моја последна сезона во Лацио, не сакам повеќе ниту евро!

Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Луис Алберто, предизвика реакции во Рим, откако објави дека сака да го раскине договорот.

По победата на Лацио над Салернитана, Алберто јавно објави дека побарал прекин на соработката.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Имав неколку тешки недели зад мене поради се што се случи. Што планирам? Не знам, но знам дека ова е мојата последна сезона овде, не сакам повеќе да бидам дел од Лацио. Не сакам ниту евро од Лацио и веќе побарав да го раскинам мојот договор“, изјави Алберто.

Шпанецот веќе извесно време е во немилост, а не беше во добри односи со Маурицио Сари кој претходно си замина од клубот.

Сезонава одигра 39 натпревари на кои постигна четири гола и забележа осум асистенции.

Алберто во Лацио дојде од Ливерпул, во 2016 година, а за овој тим одигра дури 302 натпревари постигна 51 гол и забележа 76 асистенции. Најавите се дека Алберто има понуди од Шпанија и би можел да се врати во неговата татковина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …