Дома Останати Авто Мото „Луда“ трка во Јапонија, Ферстапен победи, Гасли можеше да загине🎥

„Луда“ трка во Јапонија, Ферстапен победи, Гасли можеше да загине🎥

Макс Ферстапен победи на патеката „Сузука“ за Големата награда на Јапонија и тоа по само 28 извозени од планираните 54 круга.

Холандскиот возач освои 19 наместо планираните 25 поени за победникот и тоа е само затоа што беа изозени 50 отсто од круговите кои беа планирани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трката почна со задоцнување поради дождот, а прекината беше веќе во првиот круг. Откако се појави црвено знаме после излетување на Карлос Саинц, после кое дојде до хаотични сцени. 

Во еден момент кран се појави додека возачите и натаму беа на патеката, Гасли беше меѓу последните кои стигнаа до својот „бокс“, а поради слабата видливост за малку ќе удреше во кранот.

„Можев да умрам! Едвај го одминав. Зарем никој не се сеќава што се случи минатиот пат“, викаше лутиот Гасли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…