Дома Фудбал Италија Лоши вести за Јувентус: Кедира три месеци надвор од теренот

Лоши вести за Јувентус: Кедира три месеци надвор од теренот

khedira

Германскиот играч од средниот ред Сами Кедира повторно претрпе тешка повреда на коленото поради која ќе отсуствува од теренот неколку месеци.

Кедира оваа сезона започна да игра во Јувентус откако Сари го врати во тимот. Меѓутоа, германскиот играч доживеа тешка повреда на натпреварот против Сасуоло.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој натпревар заврши со резултат 2:2, а работите да бидат уште полоши за Јувентус се повреди Сами Кедира. Италијанскиот клуб соопшти дека Кедира мора да оди на операција на коленото и ќе биде надвор од теренот три месеци.

Сари му даваше голема доверба на Кедира во досегашниот дел од сезоната и од 18 одиграни натпревари на 13 беше во почетниот состав.

Со повредата на Кедира сега се отвора вратата за Емре Џан, кој веќе некое време не е задоволен од минутажата во Јувентус. Сега ќе има повеќе простор за играње и можност да се докаже пред Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…