Пропадна трансферот на Ловрен во Рома. Хрватот барал премногу пари и неговиот трансфер на крајот не се реализираше, па ќе мора да бара некоја друга средина.
Сепак, друг Хрват може да заигра на Олимпико. Раководството на Рома е заинтересирана за партнерот на Ловрен од репрезентацијата, играчот на Бешикташ, Домогој Вида.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Разговорите за трансфер веќе започнале. Вида е спремен да дојде, но останува да видиме дали на крајот ќе биде постигнат договор и ќе потпиша за римскиот тим.
Втора опција е Маркос Рохо од Манчестер Јунајтед. Аргентинецот е отпишан на Олд Трафорд и ќе биде вистинско чудо ако не ги напушти Црвените ѓаволи во наредниот период.
Рома до следиот петок сигурно ќе донесе засилување во дефанзивата, а останува да видиме дали тоа ќе биде Вида или Рохо.