Дома Македонски спорт Мак фудбал Лихтенштајн – Македонија: Бркаме пласман во плеј-офот против селекција која ја имаме победено 1:11!

Лихтенштајн – Македонија: Бркаме пласман во плеј-офот против селекција која ја имаме победено 1:11!

Македонија гостува во Лихтенштајн во претпоследниот меч од групата во Лигата на Нации. Со победа на овој дуел ќе го обезбедиме првото место и пласманот во полуфиналето од ова натпреварување. А … победата секако не треба да биде доведена во прашање против една ваква селекција како Лихтенштајн.

Лихтенштајн е тесно поврзан со македонската фудбалска историја.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ова е држава со која досега сме одиграле највеќе официјални меѓусебни натпревари, а токму Лихтенштајн е поврзан и со неколку рекорди на македонскиот фудбал.

Македонија има одличен скор во дуелите против Лихтенштајн и никогаш не загубила против репрезентите на оваа мала земја во централна Европа. Само еднаш, на 8 септември 2002 година игравме 1:1 во Вадуз, а на сите останати седум натпревари нашиот национален тим извојува победи.

Најмногу ќе се паметат оние 1:11 во 1996 година која е најголемата победа во македонската фудбалска историја.

Меѓусебни натпревари на Лихтенштајн и Македонија:

09.11.1996 – Лихтенштајн – Македонија 1-11

08.09.2002 – Лихтенштајн – Македонија 1-1

07.06.2003 – Македонија – Лихтенштајн 3-1

12.11.2005 – Лихтенштајн – Македонија 1-2

24.03.2017 – Лихтенштајн – Македонија 0-3

09.10.2017 – Македонија – Лихтенштајн 4-0

13.10.2018 – Македонија – Лихтенштајн 4-1

За репрезентацијата на Лихтенштајн нема што многу да се зборува. Нивниот ранкинг и нивните резултати говорат сами по себе. Од 2015 година па до денес, оваа селекција одиграла 28 натпревари и забележала само две победи и тоа една над комбинирана селекција на Катар и една во Лигата на Нации против Гибралтар.

Селекцијата се состои пред се од фудбалери кои настапуваат во единствениот професионален тим во Лихтенштајн, Вадуз кој се натпреварува во Швајцарија. Потсетуваме, Македонија на првиот дуел на домашен терен славеше лесна победа со 4:1, а на овој меч за домаќинот нема да настапи единствениот стрелец на тој меч за нивната селекција Сејхал Јилдиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …