Младиот напаѓач на Лил, Никола Пепе игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а најсилен интерес покажув Арсенал.
23-годишниот Пепе оваа сезона има постиганато 12 гола и 5 асистенции на 18 меча во Лига 1, а францускиот клуб јавно ја соопшти цената за неговата слобода.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, од Лил потврдија дека се спремни да се разделат со Пепе, но само за сума од 80 милиони евра.
„Тој што го сака ќе треба да плати 80 милиони евра и секако да се договори со играчот“, изјави тренерот Кампос.
Англиските медиуми тврдат дека „топџиите“ се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис и не планираат да понудат повеќе од тоа.
https://youtu.be/WUKOFX4Ra7Q