Дома Останати Кошарка НБА Лилард со фантастична вечер ги уништи Пеликанс, трипл-дабл на Леброн за победа на Лејкерс 🎥

Лилард со фантастична вечер ги уништи Пеликанс, трипл-дабл на Леброн за победа на Лејкерс 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари, а треба да се издвојат фантастичните настапи на Демијан Лилард, Зах Лавин и Леброн Џејмс.

Портланд со 125:124 славеа против Њу Орлеанс, а херој беше чудесниот Лилард кој од линијата за слободни фрлања донесе победа за својот тим на нешто повеќе од секунда до крајот на мечот.
Незапирлив беше Лилард за Пеликанс. Мечот го заврши со 50 поени и 10 асистенции, имаше 13 погодени шутеви од 20 обиди. На другата страна Брендон Играм уфрли 30 поени, Зион Вилијамс стигна до 28 поени, а промаши шут за победа.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Пеликанси на средината на четвртината имаа 17 поени предност, но на крајот и тоа не им беше доволно за победа.

Зах Лавин ја игра најдобрата сезона во кариерата и успеа да го одведе Чикаго Булс до триумф против Оклахома со резултат 123:102. Лавин уфрли 40 поени, а добра вечер имаше Марканен кој натпреварот го заврши со 22 кола.

Лејкерси беа подобри од Минесота со 137:121. Леброн за 31 минута на паркетот стигна до трипл-дабл од 25 поени, 12 скокови и 12 асистенции, а 25 поени уфрли Монтерези Харел. Кај Минесота Едвардс и Таунс уфрлија по 29 поени.

Дербито на вечерта е одигран во ТД Гарден и во него Јута го совлада Бостон со 117:109. Донован Мичел ги предводеше гостите со 21 поен, Кларксон уфрли 20, а Конли 17 поени.

Татум кај Бостон постигна 29, Браун 28, но овој тандем не беше доволен против најдобриот тим во лигата.

НБА РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Јута 109:117
Чикаго – Оклахома
Хјустон – Атланта 107:119
Мајами – Кливленд 113:98
Филаделфија – Њујорк 99:96
Портланд – Њу Орлеанс 125:124
Ла Лејкерси – Минесота 137:121

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…