Дома Останати Кошарка НБА Голем трејд во НБА: Лилард го напушти Портланд

Голем трејд во НБА: Лилард го напушти Портланд

Демијан Лилард по 11 години поминати во Портланд се сели во Милвоки каде што заедно со Јанис Антетокумпо ќе се обидат да ја донесат титулата за овој тим.

Лилард посакуваше преселба во Мајами, но на крајот во голем трејд заврши во Милвоки. Портланд ги доби Џру Холидеј, Диандре Ејтон и Туману Камару, плус првиот пик на драфтот на Милвоки во 2029 година. Во трејдот е вклучен и тимот на Феникс кој се засили со Јусуф Нуркиќ, Нарис Литл, Кион Џонсон и Грејсон Ален.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главната причина поради која Лилард го напушти Портланд е желбата да се бори за шампионскиот прстен. Од друга страна Јанис јавно порача дека сака сериозни засилувања, во спротивно ќе размислува за заминување.

Со 19.000 поени Лилард е најдобриот стрелец во историјата на Портланд, минатата сезона имаше просек од 33 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…