Дома Останати Кошарка НБА Фантастично деби на Лилард за Милвоки

Фантастично деби на Лилард за Милвоки

Кошаркарите на Милвоки славеа убедлива победа против Филаделфија со 118:117 во првиот натпревар од новата сезона во НБА лигата.

На овој натпревар за Милвоки дебитираше Демијан Лилард и одигра одличен натпревар во кој постигна 39 поени и додаде уште осум скока и четири асистенции. Посебно одличен беше во завршницата кога ги постигна последните 11 поени за својот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грчкиот центар Јанис Адетокумбо за победата придонесе со 23 поени и 13 скока, а со овие 23 поени стана кошаркарот со најмногу поени за Бакси (5.905). Зад себе го остави Карим Абдул-Џабар кој постигна 5.902 поени. Најефикасен во тимот на Филаделфија беше Тајрис Максис со 31 поен.

Џејмс Харден кој бараше да замине ова лето не настапи на овој натпревар бидејќи не беше доволно спремен за новата сезона.

Во вториот натпревар кој се играше изминатата вечер Лејкерс со 100:95 беше подобар од Феникс. Ентони Дејвис ги предводеше Лејкерс со 30 поени и 12 скока, Леброн додаде 21 поен, девет асистенции и осум скока. Кевин Дурант беше најефикасниот кај Феникс со 39 поени и 11 скока. Повредените Девин Букер и Бредли Бил не настапија на оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…