Дома Трансфер зона Ливерпул ја постави цената за Мане и веќе му бара замена

Ливерпул ја постави цената за Мане и веќе му бара замена

Ливерпул веќе постави цена за Садио Мане и почна да бара замена за Сенегалецот, пренсуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мане влезе во последната година од договорот и неговата желба е да ја промени средината ова лето, а Ливерпул за неговата слобода бара 50 милиони евра.

„Црвените“ веќе почнаа да бараат замена, а на листата се Жоао Педро од Ватфорд и Мартин Терие од Рен.

Напаѓачот на Ватфорд има договор до 2025 година, а оваа сезона запиша 29 настапи на кои постигна 4 гола и 1 асистенција.

Првата желба е напаѓачот на Рен, Терие кој имаше одлична сезона. 25-годишниот напаѓач постигна 21 гол и 7 асистенции во француското првенство оваа сезона.

Терие може да игра и како крилен и како централен напаѓач, па поради тоа е најголема желба на Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…