Ливерпул сериозно се вклучи во битката за потписот на Килијан Мбапе и спрема рекордна понуда во историјата на фудбалот.
Мбапе го извести ПСЖ дека нема да го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година, па „светците“ сакаат да го продадат ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал не е спремен да ја плати сумата која ја бара ПСЖ, па сега во трката за потписот на Французинот се приклучи и Ливерпул.
„Ливерпул сака да плати веднаш 250 милиони евра и плус дополнителни бонуси за Мбапе. Влезе во борба за Реал за него. Одлуката и изборот се на Мбапе“, вели агентот на ФИФА, Марко Кидермир.
Останува да видиме дали Мбапе ќе прифати преселба на „Енфилд“ или ќе настојува да оди во Реал Мадрид.
🚨 Liverpool are reportedly ready to pay €250M + €50M add ons to compete with Real Madrid for Kylian Mbappé! 🧂
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 27, 2023
That would make him the most expensive player in football history. 🤑
(Source: @RadioMARCA) pic.twitter.com/v5V83CeDvZ