Бразилската фудбалска легенда Зико бил жртва на кражба во Париз, каде што учествува во делегацијата на својата земја за Олимписките игри.
Легендата на светскиот фудбал беше ограбена додека се возеше во такси. Едниот разбојник му го одвлекол вниманието на возачот, а другиот од задното седиште на автомобилот ја одзел чантата на Зико во која имало дијамантско ланче и пари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Зико се качил во таксито и седел на задното седиште. Куферот бил покрај него, но не го држел. Прозорците биле отворени. Крадците го запреле таксито со цел да прашаат возачот дали можат и тие да се качат. Едниот од крадците започнал разговор со возачот и со Зико, додека другиот брзо го украл куферот. Зико го забележал недолго потоа, но крадците веќе биле исчезнати“, пренесуваат бразилските медиуми.
Се проценува дека украдените предмети се со вкупна вредност од околу 500.000 евра.