Легендарниот турски голман Рушту Реџбер е заразен со коронавирус, но неговата здравствена состојба нагло се влошила, па моментално се бори за живот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рушту беше пренесен во болница пред два дена, а неговата состојба се влоши.
„Сите сме шокирани од тоа колку брзо се развиваат симптомите на коронавирус“, рече неговата сопруга Исил Реџбер која е во голем шок бидејќи е обвинета дека го заразила сопругот.
Поточно, медиумите во Турција известуваат дека таа неодамна се врати од Соединетите Американски Држави и не ја почитуваше 14-дневната изолација. Веднаш отишла во нејзиниот салон за убавина и покрај Рушту заразила уште многу.
„Навистина не ми е грижа за овој линч против мене. Најважно е сега Рушту да се опорави“, рече сопругата на легендарниот голман.