Дома Останати Легендарниот боксер би се вратил во рингот за борба против Рио Фердинанд!

Легендарниот боксер би се вратил во рингот за борба против Рио Фердинанд!

ferdinand

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд (39) сериозно се посвети на боксерската кариера.

Под водство на пораншниот шампион, Ричел Вуфхал, Фердинанд сериозно тренира и ќе се обиде да добие и лиценца за официјални настапи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неговата импресионираност од боксот ја привлече и боксерската легенда Рики Хатон. Овој 39 годишен боксер се повлече од рингот пред пет години, но сега наводно е спремен да се врати за борба против Фердинанд.

„Рио е одличен човек и очигледно е дека сака бокс. Не би влегувал во оваа работа доколку не е сериозен. Јас сум спремен да се вратам во рингот доколку имам прилика да се борам со него“, порача Хатон.

Легендарниот Хатон е дури 18 сантиметри понизок од поранешниот фудбалер. Сепак, боксерското искуство би му донела голема предност во рингот и тој сигурно дека би бил голем фаворит во овој дуел.

Во текот на кариерата, Хатон одработи 48 борби. Запиша три порази и сите три се случија на крајот од кариерата, а првиот човек кој го победи беше Флојд Мејведер.

haton

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Анчелоти може да добие отказ и пред крај на сезоната – Перез го избрал наследникот?!

Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид не е така сигурна како до пред неколку месеци, а…