Ламин Јамал постигна прекрасен гол во полуфиналето на Европското првенство во победата на Шпанија над Франција со 2:1. Супер талентираниот тинејџер одлично се ослободи од својот чувар и маестрално ја погоди мрежата.
Со овој гол Јамал стана и најмладиот стрелец во историјата на Европските првенства (16 години и 362 дена). Исто така со настапот во полуфиналето го сруши рекордот на Пеле од 1958 и стана најмладиот фудбалер кој настапил воопшто во едно полуфинале на ЕП.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Рио Фердинанд кој работи како коментатор на „ТНТ“ на Твитер го искажа воодушевување од мајсториите на Јамал.
Stop it @LamineeYamal… wow!#EURO2024
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) July 9, 2024
Illegal things from @LamineeYamal #FRAESP 16 years old people 😳😂❤️
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) July 9, 2024
Освен тоа во телевизискиот настап зборуваше дека навистина не гледа како би го запреле.
„Како да се запре? Тоа е мистерија…Ако застанеш блиску ќе те издрибла. Ако се одалечиш, ќе те претрча и тука следи неговата левица. Навистина е посебен“, изјави Фердинанд.