Дома Фудбал Англија Рио Фердинанд објаснува зошто Јунајтед не треба да го отпушти Тен Хаг

Рио Фердинанд објаснува зошто Јунајтед не треба да го отпушти Тен Хаг

Oгромен е притисокот врз Ерик Тен Хаг откако Манчестер Јунајтед вчера загуби од Копенхаген и си ги намали шансите за место во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Навивачите се револтирани и бараат заминување на Тен Хаг, Јунајтед има трпение, но веројатно на сите им е јасно дека ако ситуацијата не се промени, Холанѓанецот нема многу време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, легендата на клубот, Рио Фердинанд смета дека треба да му се даде време на Тен Хаг.

„Резултатот е лош и го става тимот во незгодна позиција во групата. Но, мислам дека Јунајтед не треба да прави тренерска смена, треба јавно да му даде поддршка на Тен Хаг.

Знам дека често се случува тренерите да добијат откази во втората или третата сезона и Јунајтед го правеше тоа често, но тие откази не вродија со плод. Верувам дека Тен Хаг треба да остане и да добие уште време за да ги спроведе своите замисли. Треба да се каже и дека сезонава нема среќа со повредитер“, истакна Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…