Дома Актуелно Левандовски бара трансфер, но онаму каде што сака да оди НЕ е потребен?!

Левандовски бара трансфер, но онаму каде што сака да оди НЕ е потребен?!

lewandovski

Сега се е во рацете на клубот, напаѓачот го направи првиот потег, се чека одговорот на Баерн.

Се појавија и првите информации зошто Роберт Левандовски ја критикувал управата на Баерн. Наводно, полскиот напаѓач на тој начин се обидел да издејствува трансфер во Реал Мадрид, каде што сака да ја продолжи кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн би можел да го пушти Левандовски да замине, но проблем веројато би била висината на оштетата, која сигурно би била голема, а евентуалниот трансфер би се реализирал во текот на идното лето.

Според реномираниот шпански медиум „АС“, Баерн ќе бара огромна сума за сума за својот напаѓач, но од друга страна Левандовски наредното лето ќе наполни 30 години. Сепак и покрај годините Левандовски се надева дека кај Флорентино Перез сеуште преовладува желбата да го види на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако во овој момент не е јасно зошто Реал би го купувал Левандовски, Бензема не сака да замине, а гаранција за негово останување според последните информации е Кристиано Роналдо кој не сака да се откаже од својот омилен соиграч.

Доколку пак Перез сака да го зголеми бројот на напаѓачи, многу поверојатно е да се одлучи да го доведе Тим Вернер од Лајпцинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…