Дома Фудбал Лаутаро разочаран од Лукаку: Не очекував вакво однесување од него

Лаутаро разочаран од Лукаку: Не очекував вакво однесување од него

ЛАУТАРО МАРТИНЕЗ (25) во интервју за Газета зборуваше за поранешниот соиграч Ромелу Лукаку (30).

Да потсетиме, Лукаку минатата сезона ја мина на позајмица во Интер, но тој период го одбележаа повредите кои го држеа надвор од форма. Челзи не смета на него, па белгиската ѕвезда мора да најде нова средина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лукаку наводно разговарал со Јувентус, иако во 2021 година изјавил дека никогаш нема да замине во торинскиот клуб или Милан. Ваквиот потег на Белгиецот, кој беше херој на клубот во изминатите сезони, навивачите на Интер би го сметале за предавство. Целата сага ја коментираше Мартинез, клучниот играч на Интер и нов капитен.

„Ме разочара, не очекував вакво однесување“

“Ромелу ме разочара, вистина е. Се обидов да му се јавам поради хаосот, но тој никогаш не ми одговори, исто како што не одговори ниту на другите соиграчи. Разочаран сум по толку многу години заедно и ситуации низ кои живеевме. Сепак, тоа е негов избор. Му посакувам се најдобро, иако не очекував такво однесување“, изјави Мартинез за Газета.

Лукаку во текот на кариерата играше за Лирс и Андерлехт во Белгија, потоа за Челзи, Вест Бромвич Албион, Манчестер Јунајтед и Евертон во Англија и Интер. Најдобрите денови ги помина во миланскиот клуб за кој на 132 настапи постигна 78 гола и забележа 23 асистенции.

Во сезоната 2020/2021 тој ја освои Серија А заедно со Лаутаро. Лукаку тогаш постигна 30 гола и запиша десет асистенции, додека Лаутаро постигна 19 пати и асистираше 11 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…