Дома Фудбал Останато Лани едвај се спасија од испаѓање, а оваа година сензационално станаа шампиони!

Лани едвај се спасија од испаѓање, а оваа година сензационално станаа шампиони!

Една бајковита приказна сезонава ни доаѓа од Полска.

Кога некој ќе ви го спомене полскиот фудбал први клубови кои ви паѓаат на памет сигурно се Легија Варшава, Висла Краков, Лех Познњан…Оние повеќе упатените знаат за Краковија или Погон, но за Пиаст Гливице еден пресочен фан на европскиот фудбал тешко дека слушнал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, токму тој мал полски клуб чиј тим е 11-ти по вредност во полската Лига сензационално новаа година стигна до титулата шампион. Баш како и Лестер пред неколку години, Пиаст минатата година едвај се спаси од испаѓање (со победа во последното коло), а оваа година ја освои титулата.

Тимот на Валдемар Формалик во лигата за шампион влезе како третопласиран со дури седум бодови заостанување зад Лехија и Легија. Се надеваа на борба за Европа, но во седум кола за шампион за пишаа шест победи и само едно реми! Останатите конкуренти потфрлија Лехија и Легија добија само два натпревари.

На три кола пред крајот Пиаст скокна на првата позиција која ја поврди вчера во последното коло со победата против Лех од 1:0. Но, ќе беа шампиони и без тие три бода бидејќи Легија ремизираше со Заглебие (2:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште една сензација од Креспо и Ал-Аин: Го елиминираа и лидерот од Саудиска Арабија за финале во азиската ЛШ!

Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати приреди нова сензација во азиската Лига на шампиони.…