Дома Топ вести Ламин Јамал испиша историја: Сруши рекорд во Ла Лига од 2013 година

Ламин Јамал испиша историја: Сруши рекорд во Ла Лига од 2013 година

Во текот на неделата Ламин Јамал испиша историја и стана најмлад стартер во историјата на Лигата на шампионите, а веќе вчера постави нов рекорд во ремито на каталонскиот гигант против Гранада (2:2).

Натпреварот започна фантастично за Гранада и по само 17 секунди Брајан Зарагоса ја затресе мрежата на Тер Штеген. По половина час истиот играч одново стапи на сцена и постигна гол за 2:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред крајот на првиот дел Јамал испиша нова историја станувајќи најмлад стрелец во историјата на Ла Лига. Талентот на Барселона постигна гол со 16 години и 87 дена со што го сруши рекордот на Олинга кој во 2013 година како играч на Малага стрелаше на 16 години и 191 ден.

Барселона притискаше во второто полувреме, а од пораз тимот го спаси Серхио Роберто кој го постави конечниот резултат во 86. минута. Во самиот финиш Жоао Феликс се запиша во листата на стрелци, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…