Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Нема да се предадеме против никого, да внимаваме на Словенија!

Лазаров: Нема да се предадеме против никого, да внимаваме на Словенија!

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде ексклузивно интервју за српските медиуми во кое меѓу другото зборуваше и за престојното Европско првенство.

Најдобриот десен бек во светот, како што го најавува медиумот истакна дека е горд што доаѓа од земја која има европски првак во ракомет и потенцираше дека ние Балканците имаме посебен менатлитет кој го нема никој друг.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тоа што ние Балканците го имаме во себе, таков талент и карактер, нема никој на светот. Затоа и сме успешни во сите спортови, некој повеќе, некој помалку. Кога би селектирал екипа секогаш би избрал играчи од овие простори. Се сеќавам, кога бев во Барселона често се шегував со клупскиот доктор дека Барса не би била тоа што е ако нема Балканци во тимот“, изјави Лазаров.

За престојното европско првенство кое започнува в петок во Хрватска, Лазаров вели:

„Секогаш сум оптимист, понекогаш дури и нереален. Ние како репрезентација треба да бидеме скромни да стоиме цврсто на земја. Можам само да кажам дека против никого нема да се предадеме, дури ниту против една Германија. Но ако сега кажам дека ќе ги победиме Словенија и Германија, а потоа во вториот круг Данска и Шпанија, тоа би било надмено и нереално“.

„Што се однесува до нашата група мислам дека имаме поголеми шанси против Германија и Црна Гора, отколку против Словенија. Тоа е многу незгодна репрезентација и не случајно лани освоија бронза. Словенија има 16 подеднакво добри ракометари и врвен тренер. Веселин Вујовиќ знае како да ги мотивира да бидат храбри. Не очекува тешка задача, треба да одиме натпревар по натпревар“, заклучи Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…