Ракометната репрезентација на Македонија вчера го совлада Луксембург со 23:28 во рамките од 5-тото квалификациско коло за пласмна на Европското првенство.
Домаќините пружија силен отпор, но нашата селекција го покажа квалитетот во клучните моменти и дојде до посакуваната победа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Денес не е лесно против никого во ракометот. Од Луксембург сме подобри, но не е така лесно кога не играш дома. Очекував да биде тешко, но фокусирани и концентрирани бевме комплетните 60 минути. Среќен сум за победата и пласманот на Европското првенство.
Се надевам дека во недела ќе бидеме уште подобри отколку денес, очекувам со полна сала да го прославиме пласманот на ново Европско првенство, на оваа подмладена селекција“, изјави Лазаров.
Македонија дома против Турција ќе игра во недела и само со некаква неверојатна победа од десет или повеќе голови разлика може Турција да го освои второто место.